Легендарниот Милко Ѓуровски: Најдобро играв фудбал додека пушев цигари!

by fokus

Некогашниот македонски репрезентативец и тренер, Милко Ѓуровски во интервју за холандскиот сајт „Вотербол интернешнела“, говореше за својата кариера, но и својот приватен живот.

Ѓуровски моментално живее во Марибор, а очигледно е дека не му недостасува тренерската работа и фудбалот.

„Се изморив веќе и остарев. Но, јас се уште не можам да разберам зошто сум толку популарен во Холандија. Додека играв за Гронинген бев добар фудбалер. Стадионот беше полн на секој меч. Да, пушев цигари додека бев играч, па што? И другите знаеја да повлечат дим, а јас го правев тоа пред тренерот. Без проблем пушев на стадионот, знаејќи дека сите ме гледаат. Тоа немаше негативно влијание на мојата играч. Секој играч мора да го прави она што го сака. Се додека игра добро. Никогаш не ме интересирале парите. Ни додека играв, ни сега. Кристијано Роналдо може да има 300 милиони евра на банкарска сметка, но не може како мене, да седи во кафуле без никој да му пречи. Уживам во слободата. Тоа е мојот живот“, истакна Ѓуровски.

Поврзани новости