Легализацијата нема да важи во национални паркови

by fokus
Законот за дивоградби ги вади политичарите пред одлуката дали ќе се руши или ќе се легализираат градбите, порача премиерот Зоран Заев. Тој на Телма истакна дека со новиот текст на законското решение, кој ќе биде испратен во Собранието, се земаат во предвид дел од мислењата на екологистите.
-Националниот парк е сочинет од три зони, во едната од нив, за одржлив раст и развој, при легализација на дивоградбите беа потребни мислења од институциите. Таков ќе е примерот кај најновиот национален парк во Попова Шапка, бидејќи селото Вратница е во третата зона, а во селото има дивоградби и требаше мислења од институциите. За да ни веруваат граѓаните ставивме во новиот текст „строга забрана“, без мислења од институциите, и сега нема да смее да има дивоградби во националните паркови – вели Заев.
Тој изрази и задоволство што нелегалните објекти на плажите во Охрид се срамнети, со што, според него, се покажува дека институциите постапуваат.

Поврзани новости