ЛДП: Институциите се киднапирани од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус 11:24
11:24

Опозицискиот ЛДП, по објавувањето на вториот сет на прислушувани разговори од страна на лидерот на СДСМ Зоран Заев, изрази згрозеност од мешањето на челните луѓе на ВМРО-ДПМНЕ во судскиот систем на државата, кршејќи го Уставот, приватноста, угледот и достоинството на граѓаните.

„Институциите на системот се целосно киднапирани од врхушката на ВМРО- ДПМНЕ. Целата македонска јавност слушна како ги договарате пресудите, кои се вашите потребни „квалификации“ за еден судија да напредува, како се делат судски пресуди во министерски кабинети и зошто најгласните поддржувачи на овој режим се толку сигурни дека „судската правда“ секогаш ќе биде на нивна страна. После оваа вистина за Македонија, кристално јасно е зошто премиерот Никола Груевски посака целиот овој случај да има судска разрешница“, стои во соопштението на либералдемократите.

- Advertisements -

Поврзани новости