ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжува да објавува материјали креирани од странски центри

by Фокус

Зоран Заев го продолжува своето одработување за странски центри со објавување на креирани материјали, со што се надева дека без поддршка од граѓаните, без програма, проекти и идеи, ќе го донесе на власт, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ откако опозицискиот лидер објави телефонски разговори, според кои високи претставници на извршната власт директно се мешаат во судската власт, кршејќи го уставното начело за поделба на власта.

„Човекот кој јавно и соопшти на целата македонска јавност дека македонскиот народ треба да ја свитка кичмата, кој по СМС пораки ги информираше другите партиски лидери дека на власт ќе го донесат пријатели од странство и кој на премиерот најмалку пет пати му потврдил дека креираните материјали му се од странски служби, очекува народот да му верува и да гласа за него на избори“, стои во реакцијата на владејачката партија.

Поврзани новости