ЛДП: Груевски ќе се соочи со народот

by Фокус 13:46
13:46

Либерално-демократската партија со големо внимание и загриженост го следи преговарачкиот процес за излез од политичката криза со која се соочува Македонија.
По неуспехот на преговорите е сосема јасно дека Груевски и неговата фамилија остануваат единствената пречка за надминување на кризата и враќање на слободата и демократијата во државата.

Тоје единствениот виновник и за назадувањето на државата во евроинтегративниот процес и евентуалното губење на препораката за почеток на преговори со ЕУ.

- Advertisements -

Нашиот став е категоричен, Груевски  како креатор на кризата е главниот проблем поради кој не може да се најде решение  за ситуацијата.
Во исто време остро регираме и на однесувањето на дел од европските дипломати, односно бирократи, чии ставови не коренспондираат со основните европски принципи на владеење на правото и демократијата со што се поткопуваат угледот и принципите врз кои се темели Европската Унија.

Во таа насока, опозицијата заедно со граѓаните остануваат посветени и истрајни во својата борба за слободна и демократска Македонија, како и во барањето на оставка на  Груевски  и отворање на истрага против него, за сите злодела направени во изминатите 9 години, за што потврдуваат и добар дел од аудиоснимките објавени од опозицијата.

На Груевски му порачуваме да престане да демонстрира сила и да се заканува со нови избори, бидејќи единствено со кој може да се соочи во блиска иднина се истражните органи, а не со народот.

Поврзани новости