Заев: Неопходно е Груевски да се повлече

by Фокус

Неопходно е повлекување на Никола Груевски и неговите најблиски соработници, кои ги создадоа проблемите во земјата, за преодна Влада да создаде неопходни услови за организирање фер и демократски изборен процесистакнал лидерот на опозициониот СДСМ, Зоран Заев на средбата со премиерот на Шведска, Стефан Лофвен на која се разговарало за актуелните состојби во Македонија.

– Само на тој начин може да се обезбеди нормализација на институциите, независност на судството, медиумите и конечно враќање на демократските вредности и европската перспектива на Македонија – рекол Заев.

Средбата се реализиранала во рамки на Конгресот на ПЕС, којшто се одржува во Будимпешта, Унгарија, а на неа како што соопштија од СДСМ учествувала и претседателката на партијата Радмила Шекеринска

Заев на средбата ги истакнал принципиелните позиции на СДСМ како и предлозите Република Македонија да ги врати демократските вредности, во интерес на граѓаните и иднината на државата, за што постои целосно разбирање и силна поддршка од шведските социјалдемократи.

Заев и Шекеринска денеска учествуваа и на лидерската средба, на којашто присуствувше и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, заедно со лидерите на повеќе сестрински партии од Европа.

Поврзани новости