Во Демир Капија врие од мигранти

by lali

Поголема група мигранти од африканските и азијатските држави е сместена низ улиците на Демир Каприја. Според информациите на тамошните граѓани тие од Грција влегле во државата и се обидуваат да преминат кон Србија, па кон Европската Унија. Фотографиите се направени во паркот во близина на автобуската и железничката станица во градот додека мигрантите се обидуваат со некакво превозно средство да транзитираат низ Македонија.

image-8171c7817d7059ce4eff696469f625de001cd8a0a22bd7f2f509fef2c535dec8-V

Како што самите пренесуваат деновиве живеат во страв и паника во надеж дека нема да им се случи ништо лошо како на претходните групи мигранти. Во паркот ги има околу 50 и очекуваат дека македонските власти ќе им помогнат наместо да страдаат од криминални банди кои ги малтретираат и ги пљачкаат.

Иако во близина имало полициска патрола сепак не реагирала знаејќи дека мигрантите се тука затоа што имаат мака во своите земји. Поголем дел од нив веќе неколку дена се во Демир Капија.

Инаку во кампот за мигранти во Скопје има преку 300 згрижени, иако капацитетот е далеку помал. Дополнително, деновиве се очекува нов, поголем бран бегалци во Македонија.

Поврзани новости