Лајм: „Бомбите“ за Реџепи откриваат и стриптиз во охридски хотели

by Фокус

Во исчекување на истекот на рокот од 72 часа што му го постави Скендер Бузаку на Сулејман Реџепи да се повлече од Исламската верска заедница, за да не објави докази за негови криминали, весникот Лајм објави дека станува збор за „бомби“ поврзани со хотели во Охрид каде, според весникот, се играло и стриптиз.

Како што објави Лајм, друг дел од компромитирачките материјали за Реџепи се однесуваат на имотот на ИВЗ, кој кој и бил подарен на државата, бидејќи верската организација не се жалела на судските одлуки.

Изворите на весникот најавуват дека треба да се објават и документи со несакана содржина во врска со организирањето на аџилакот и за дистрибуирање на хуманитарна помош.

Инаку, превирањата во ИВЗ настанаа откако во април Бузаку се прогласи за нов поглавар, а сега му постави и ултиматум на Реџепи за се повлече.

Сепак, тој денес јасно даде до знаење дека на планира да абдицира, истакнувајќи: „Не се занимавам со геј, гејови треба да бидат надвор од ИВЗ“.

Поврзани новости