Кустос од Националната галерија е нов директор на Музејот на Македонија

by irena 16:43
16:43

Од 1 април, Александар Ристевски е нов директор на Музејот на Македонија, соопшти националната установа. Ристевски доаѓа на местото на досегашниот в. д. директор Пано Серафимов, кој e од редот на вработените.

Ристевски е избран на конкурсот кој го распиша Министерството за култура и туризам во февруари.

Тој доаѓа од Националната галерија на Македонија во која работи над 16 години, како кустос-етнолог во Одделението за депо и документација, а претходно како соработник во Одделението за дизајн и маркетинг.

Слични вести