Курц: Северна Македонија сработи одлично

by fokus

Северна Македонија сработи одлично на патот на евроинтеграциите, напиша денеска на твитер австрискиот канцелар Себастијан Курц, по средбата со премиерот Зоран Заев на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Виена.

Според канцеларот Курц, потребно е да се исполнат ветувањата и брзо да се започнат пристапните преговори.

-Ние мора сега да ги одржиме нашите ветувања и брзо да ги започнеме пристапните преговори, пишува на Твитер канцеларот Курц.

Поврзани новости