Курц искритикува локални политичари кои се вакцинирале преку ред

by Фокус

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска упати остри критики до неколкумина локални политичари кои се вакцинирале против Ковид-19, и покрај тоа што не припаѓале во приоритетните групи.

-За мене е целосно неприфатливо некој да се вакцинира преку ред. Тоа од морална гледна точка е нешто многу разочарувачко – истакна Курц

Тој реагираше на информациите дека повеќе пониско рангирани политичари, главно градоначалници, во некои делови на Австрија се вакцинирале преку ред, откако при имунизацијата на персоналот во домовите за стари и изнемоштени лица останале неискористени вакцини.

-Кога ќе останат вакцини, важно е тие веднаш да се искористат, но за вакцинирање на повозрасни лица, а не на политичари, нивните сопруги и локални познати личности – нагласи австрискиот канцелар.

Скандалот изби откако докторка во градот Фелдкирх, во сојузната покраина Варалберг, одбила да вакцинира локален градоначалник укажувајќи му дека по ниту еден критериум не е на ред за вакцинирање.

Поврзани новости