ВИДЕО Дебата во чешкиот парламент прерасна во физичка пресметка

by Фокус 23:23
23:23

За време на дебатата за продолжување на кризната состојба поради пандемијата предизвикана од корона вирусот, се случи физичка пресметка меѓу пратениците во чешкиот парламент.

Откако му беше исклучен микрофонот поради искажани навреди, Лубомит Волни, независен пратеник од листата на чешките радикални националисти, влезе во пресметка со претседателот Томаш Ханзел од редовите на Социјалдемократите.

- Advertisements -

На крајот, обезбедувањето го остранило Волни од салата, а полицијата го истражува кршењето на мерките за заштита од коронавирусот, како и одбивањето на двајцата пратеници да носат маски.

Поврзани новости