Бајден: Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе луѓе

by Фокус

Новиот американски претседател Џо Бајден и се обрати на американската јавност по повод презентацијата на планот за борба против пандемијата на коронавирус.

-Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе Американци бесплатно. Оваа пандемија не е од вчера, но ќе ја победиме. Доаѓа помош. Мојот план се заснова на наука, а не на политика. Досега не можевме да се потпреме на федералната влада, таа не беше со фокус и координација потребни за да се бориме против пандемијата, а потоа ја плативме цената – рече тој, додавајќи дека Америка во последните неколку недели забележува смртност меѓу 3.000 до 4.000 случаи дневно.

Бајден апелираше до Американците да носат маски во следните 99 дена, бидејќи, како што рече, тоа е патриотски чин.

Поврзани новости