Кумуцакос: Изјавите на Димитров се неприфатливи, утре сите на плоштадот Синтагма

by fokus

Пратеникот на грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос денеска за вчерашните изјави на македонскиот министер Никола Димитров дека отфрла преговори за македонскиот идентитет и етничка припадност, рече дека се неприфатливи.

Според Кумуцакос, „таквите изјави го покажуваат патот, односно утре на плоштадот Синтагма изразувањето на националната чувствителност станува сила на преговорите“.

За утре, во Атина се најавува голем протест под мотото „Македонија е грчка“ против употребата за терминот „Македонија“ во решението за спорот за името. Според „Катимерини“, протестот наместо во центарот на Атина ќе се одржи во Пиреја, за да не создаде сообраќаен хаос во градот.

Поврзани новости