Куманово има пари за струја само за три месеци

by Fokus 12:43
12:43

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во денешното гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 информираше дека сериозен е проблемот со енергетската криза и со него ќе се соочат сите општини, така што државата треба да изнајде начин за субвенционирање на сметките на општините по примерот со субвенционирање на сметките за секое домаќинство.

„Ако видиме дека гасот е покачен за четирипати, а еве за еден месец се веќе потрошени средствата кои се планирани за следните четири месеци, тогаш ќе наидеме на сериозен
дефицит во буџетот и недостаток на наменски средства кои ги добиваме од блок дотации за делегираните надлежности и во образованието и останатите сегменти на функционирање на локалната самоуправа. Тука е и проблемот со покачување на цената на електрична енергија. Во петок ги гледав анализите за потрошената електрична енергија,  некаде во овој момент општина Куманово само по основ на енергенси за месец јануари
во буџетот виси со средства кои треба да пристигнат од блок дотации за образование со повеќе од 2 милиони денари, што значи дека во месец јануари, февруари и март ние ќе ги потрошиме вкупните планирани финансиски средства за финансирање на енергенсите за цела тековна година, бидејќи имаме енормно покачување“, рече
Димитриевски.

Поврзани новости