Кумановец во Скопје одгледувал марихуана

by fokus

Триесет и петгодишен кумановец бил откриен од полицијата како во Скопје одгледува марихуана. Поради нелегалниот бизнис кумановецот заработи кривична пријава и притвор од 30 дена.

-Секторот за внатрешни работи Скопје, Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривичнa пријавa против Д.З.(35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ.

Имено, на 08 јуни околу 23,00 часот од страна на полициски службеници на улица „Лазар Поп Трајков“ извршено е легитимирање на пријавениот при што кај истиот е пронајдена полиетиленска кеса со растителна материја. По добиена усна наредба за вршење претрес во домот каде привремено престојува пријавниот пронајдени и одземени се: 147 саксии со Cannabis, 49,65 грама марихуана, 46,33 грама амфетамин, четири таблети  3,4 метилендиоксиметамфетамин(MDMA) психотропна супстанца, стимуланс на централниот нервен систем класифицирани во Националната Листа I на контролирани психотропни супстанци, потоа дигитална вага,  дигитален мерач за температура и влажност, тајмер и четири лед панели. На Д.З. од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Поврзани новости