Куман откри зошто ја одбил Барселона

by fokus

Селекторот на Холандија, Роналд Куман откри дека неговиот ангажман за својата татковина била причината за неговото одбивање во Барселона во јануари.

Како што е познато, Каталонците беа во потрага по нов тренер за да го заменат Ернесто Валверде, а Куман беше една од водечките опции пред именувањето на Кике Сетиен.

– Да, ме побараа од Барса. Но, реков не, затоа што ја водам репрезентацијата на Холандија, кратко и јасно рече легендата на „блаугранас“.

Стратегот го прокоментира и Френки де Јонг, кој има променлива прва сезона на „Ноу Камп“.

– Де Јонг игра многу за Барса и ова е позитивно. Тој игра поинаква позиција од репрезентацијата. Тој е млад и ќе научи повеќе, рече Куман.

Поврзани новости