Кулушевски без двоумење ја избрал Шведска пред Македонија: Одлуката беше лесна

by Фокус

Новиот фудбалер на Јувентус со македонско потекло, Дејан Кулушевски, во изјава за шведските медиуми рече дека воопшто не се двоумел при изборот да игра за Шведска.

-Одлуката за мене беше лесна, бидејќи сакав да играм за Шведска – изјави Кулушевски, кој е роден во Стокхолм, но имаше настапи за селекцијата до 17 години на Македонија, од каде потекнуваат неговите родители.

Изјавата на Кулушевски следи како реакција на одлуката на дефанзивецот на Малме Анел Ахмедхоџиќ, откако 21-годишниот дефанзивец одлучи во иднина да игра за  Босна и Херцеговина.

-Навистина не ја знам причината поради која Анел одлучи да игра за Босна и Херцеговина, но понекогаш веројатно е тешко да заборавиш од каде потекнуваш – рече Кулушевски.

Поврзани новости