(ФОТО) Стотина рекреативци го „осветлија“ Скопје

by Фокус

Околу сто рекреативци и велосипедисти попладнево зедоа учество на настанот „Осветли го Скопје“, кој се организира еднаш годишно.

Движењето започна од ОУ „Кочо Рацин”, па продолжи по планинарска патека, се до самиот врв Крстовар на планината Водно.

Рекреативците направија кратка пауза кај самиот планинарски дом и го овековечија моментот со по некоја фотографија.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости