НАТО во источното крило испраќа 40.000 војници и воени бродови

by fokus

За прв пат во историјата на Алијансата синоќа се донесе одлука за употреба и преместување на силите за брз одговор на НАТО. Таквата акција немаше за време на Студената војна.

Оваа оперативна група вклучува 40.000 војници, во која се и 13.700 од германската армија. Копнените сили ќе бидат стационирани западно од Украина, во Романија. Италија испраќа четири борбени авиони, како и Норвешка.

Поранешниот бугарски министер за одбрана, Георги Панајотов, за Нова ТВ коментираше дека НАТО не се подготвува никого да нападне, туку Бугарија и нејзините сојузници се подготвуваат да се одбранат.

-НАТО не се подготвува никому да објави војна, додаде тој.

Во Бугарија во моментов има четири борбени авиони од Шпанија, но доколку ситуацијата се развие во негативен правец, во земјата може да дојдат и други сојузнички сили на НАТО, беше категоричен тој.

Поврзани новости