Куќен притвор за синот кој по дома си го тепал таткото

by fokus

Против 33-годишниот скопјанец Ж.Г. е поднесена кривична пријава за сторено дело „телесна повреда при семејно насилство“ затоа што во повеќе наврати си го претепал својот татко.

На 17-ти октомври околу 21,00 часот на ул.“Каирска“ пред семејниот дом, Ж.Г. го ставил во возило и физички го нападнал неговиот 67-годишен татко, З.Г. Наредниот ден околу 03,00 часот додека таткото одел кон тоалетот пријавениот станал и повторно физички го нападнал,  со раце и метална шипка, по што му се заканил да не кажува никому и да не излегува од дома.

На 20.10.2017 година З.Г. успеал да излезе и случајот го пријавил во полициска станица. На пријавениот му е изречена мерка куќен притвор во траење од осум дена.

Поврзани новости