Еко Герила: Во Тетово нема чиста вода за пиење, општината се потсмева

by fokus

Движењето Еко Герила остро ги осудува и ги смета за несериозни и понижувачки изјавите од портпаролот на Општина Тетово, кои ги упатил до граѓаните кои сериозно биле загрижени за квалитетот на водата за пиење, затоа што во последните неколку дена водата мирисала или имала чуден вкус, како на гас или хемикалии.

-И покрај тоа што не е надлежен, портпаролот на општина Тетово вчера ги негираше како невистинити овие поплаки од граѓаните велејќи дека не постои никаков проблем со водата и покрај тоа што поплаките на граѓаните се уважени од Институтот за јавно здравје, како единствена надлежна институција. Оваа изјава ја цениме како како безобразна и арогантна и пред се како пародија на достоинството на граѓаните, за да се скрие фактот дека во Тетово на граѓаните им се негира уставното право на вода за пиење. Во меѓувреме, Институтот за јавно здравје процени дека вода за пиење во Тетово “има нов вкус, но нема мирис”. Според нив, водата не е забранета, но не се препорачува да за пиење”, појаснуваат од Еко Герила. 

Од таму истакнуваат дека контрадикторните изјави на Општина Тетово и на Институтот за јавно здравје се уште повеќе збунувачки за граѓаните на Тетово.

-Повторно бараме од Општина Тетово, наместо предизборната кампања, приоритет да и биде здравјето на граѓаните. Она што итно се очекува се научно потврдени објаснувања за квалитетот на водата и активностите што граѓаните на Тетово треба да ги следат, велат од Еко Герила.

Поврзани новости