Тројца гостиварчани добиле ќотек во ресторан оти сметката рекле дека ќе ја платат утре

by fokus

Тројца гостиварчани од селото Чегране на возраст од 20 и 34 години „изеле“ ќотек од вработени во ресторанот каде јаделе и пиеле затоа што одбиле да го платат цехот. Инцидентот се случи во угостителски објект во тетовското село Жеровјане.

Откако Н.И.(34) од Чегране, побарал да ја плати сметката наредниот ден, зошто немал пари, пријавениот вработен во угостителскиот објект, со четири непознати лица, физички го нападнале Н.И. и неговите пријатели Х.Б.(20) и З.С. (28),  двајцата од  с. Чегране, а потоа насилно ги исфрлиле од објектот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.А. (28) од  Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Поврзани новости