Куба развила уште две вакцини против ковид

by fokus

Куба објави дека одобрила за употреба уште две вакцини против коронавирус, развиени од тамошните научници.

Властите во Куба соопштија дека комбинацијата на две дози на вакцината „Соберана два“ ​​и една доза „Соберана плус“ ги спречува симптомите на ковид-19 со ефикасност од 91,2 проценти, што било потврдено во испитувањата извршени во три фази.

Кубанскиот Центар за контрола на лекови и медицински помагала (CECMED) објави дека е издадено одобрение за употреба на двете вакцини.

Институции на Куба и Иран работеа на развојот на „Соба два“, а Иран веќе одобри вакцина наречена „Пастерковак“.

Поврзани новости