Вардар доби нов оперативен директор

by fokus

Нов оператирен директор на ФК Вардар во следниот период ќе биде Ненад Андоновски.

Се работи за млад работник, кој на оваа позиција доаѓа како дел од тимот во „Лајонс Спортс Менаџмент“, агенцијата која успеа да го продаде Бесар Гуџуфи во Бешикташ од Беласица.

Уште еден новитет има и за младинската школа. Клубот во следните недели ќе го оспособи фудбалското игралиште кај хотел „Русија“ во Аеродром, со цел да работат и тренираат децата од академиите.

Пионерите, кадетите и младинците остануваат во Хиподром, додека останатите категории ќе работат во Аеродром.

Вардар новата сезона во ВМФЛ-Запад ја стартува оваа седмица, со дуел против Кораб од Дебар.

Поврзани новости