КСС биле поканети на седницата на ЕСС но одбиле да се појават, вели Царовска

by fokus

Од Министерството за труд и социјална политика ги демантираат тврдењата од Конфедерацијата на слободни синдикати кои денеска на прес конференција изразија револтираност од министерката, Мила Царовска, затоа што не биле поканети на седницата на Економско-социјалниот совет каде се расправаше за зголемување на минималната плата.

„На седницата, и покрај тоа што уредно беа поканети и КСС како еден од двата репрезентативни синдикати кои се членови на ЕСС, истите не присуствуваа со што продолжија со попречување на функционирањето на ова тело“, велат од министерството на Царовска.

Конфедерацијата на синдикати тврдеа дека со тоа што не биле поканети била прекршена процедурата за донесување на Законот за минимална плата. Седницата на ЕСС, на чиј дневен ред беше ставен Предлогот на Законот за измена и дополнување на Законот за минимална плата, се одржа на 18-ти минатиот месец.

 

Поврзани новости