Две бебиња со тешки респираторни заболувања починаа на Детска клиника

by fokus

Две бебиња починаа на Клиниката за детски болести откако било утврдено дека имаат сериозни респираторни аномалии. Едното е новороденче од Гостивар кое било донесено на Клиниката во тешка здравствена состојба и веднаш ставено на респиратор, но починало веднаш потоа. Второто е доенче од Гевгелија на кое му бил дијагностициран тежок респираторен синдром.

-Ние докторите и покрај тоа што имаме можности од опрема и знаење не секогаш можеме се да излечиме. Се случува тешки деца и да починат. Тоа се тешки деца кои престојуваат во интензивена нега на машини. Голем дел од нив преживуваат со овие можности и со несебичната заложба на докторите и на сестрите, но не секогаш е тоа возможно – изјави директорката на Клиниката, Катерина Ставриќ.

Од Клиниката за детски болести до медиумите го препратија извештајот за лекување на четири годишното бебенце кое почина на Детската клиника откако било хоспитализирано на 28-ми август вечерта. Според Клиниката, донечето било примено во тешка состојба.

Од таму додаваат дека се работи за дете од ризична бременост родено во 41 гестациска недела во болницата во Гевгелија.  Неколку недели по раѓањето му биле поставени следните дијагнози: Респираторен дистрес, конгенитална срцева аномалија која треба да се следи, атрезија на хоани која е корегирана  и мултималформативен синдром од типот артрогрипосис. Според извештајот на ендокринолозите комбинацијата од аномалиите кои детето ги имаше одговара на синдром marden valker. Податоците од литературата покажуваат дека имаат висок леталитет.

Поврзани новости