540
Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка вечерва во емисијата Топ тема на Телма рече дека предлогот Република Илинденска Македонија е креативно решение.
-Дали е добро или не ќе видиме. Ефектот сега е повеќе заради одбивањето на Грција на предлогот. Треба да согледаме дали Грција навистина сака решение или нашите обиди се бесполезни, рече Кржаловски.