МРТ се подготвува за дуелот Заев-Мицкоски во среда, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ таинствени

by fokus

МРТ го подготвува студиото за ТВ дуелот помеѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски за во среда, дознава Фокус. Сепак, за одржување на дуелот и за датумот и времето нема официјална потврда ниту од двете страни.

На прашањето на Фокус до владиниот портпарол дали премиерот го прифатил понудениот термин од Мицкоски за дуел во среда во 20 часот на МРТ, тој одговори дека нема официјална потврда.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека одговор треба да бараме од Владата, но дека тие не отстапуваат од својот предлог.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски минатата недела го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел, а од Владата одговорија дека премиерот прифаќа.

К.С. 

Поврзани новости