Крвав инцидент во Албанија за поделба на плажа

by Fokus

Туристичкото место Велипоја и целата албанска јавност ја потресе тежок инцидент што се случи 30 минути по полноќ. 

Четири лица загинаа, а две беа ранети во вооружен судир на плажата „пулај“ во ова познато туристичко место во северниот дел на Албанија.

 -Причината за вооружениот конфликт е поделба на сопственоста над песочните плажи каде што се поставени лежалки, помеѓу два хотела, оддалечени 50 метри еден од друг, изјави директорот на полицијата во Скадар, Нико Брахимај, на местото на настанот два часа по масакрот. 

Жртвите се на возраст од 20, 25, 38 и 59 години, двајца од нив се браќа. Повредените се на 17 и 54-годишна возраст.  

Во Велипија веднаш пристигнале припадниците на специјалната единица и екипи за увид. 

Поврзани новости