(ФОТО) Пристигна првата пратка од вакцините, попладне уште една

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека на скопскиот аеродром слетал првиот авион со вакцини од „Синовак“, а попладне се очекува да пристигнат и останатите количини.

„Првиот авион од вкупната пратка од 500 000 дози вакцини, што ги купивме од производителот Синовак слета утрово на скопскиот аеродром. Во текот на претпладневните часови се очекува да пристигнат и останатите количини. Благодарност до Народна Република Кина за заложбите да ја добиеме оваа поголема количина на вакцини и за точноста во испораката на истите“, напиша Филипче на својот профил.

Поврзани новости