Крмов: Забраната за рекламирање на Левица е политичка цензура

by vlatko 11:26
11:26

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, на собир во Велес зборуваше за цензурата со медиумско рекламирање што ѝ се прави на Левица.

-Граѓаните треба да знаат дека ова е политичка цензура. Авторитарните режими прво удираат на својот најголем непријател, а тоа очигледно е Левица. Ако СДСМ беше најголем противник на ВМРО-ДПМНЕ, ваква забрана ќе им се случеше ним. Како може триесет години тоа да не се случи никому, а денес се случува токму на Левица? – праша тој.

Крмов предупреди дека ваквите процеси не застануваат само на партиите.

-Ова се, за жал, профашистички тенденции на власта. Прво ќе тргнат со политичките партии што им пречат, а потоа тоа ќе се префрли и кај граѓаните – со цензура, апсења и репресија. Затоа ова мора веднаш да се спречи – рече тој.

Слични вести