Кривична за екс директор на училиште во Лозово, ја злоупотребил позицијата

by Fokus

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против 45-годишниот Г.В. од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, известија од МВР.

„Во периодот од февруари до декември 2020 година, Г.В., во својство на директор на основно училиште во Лозово, без да спроведе постапка за јавна набавка, дозволил да се извршат плаќања за превозни и такси услуги за вработените во училиштето во вредност од 153.562 денари, а за извршените плаќања не доставил извештаи за која цел било патувањето и дали биле за потребите на училиштето“, соопштија од МВР.

Поврзани новости