Голгетерот Миовски доби овации на концертот на виртуозот Трпчески во шкотски Абердин

by Fokus

Најпознатиот македонски пијанист, Симон Трпчески, вчеравечер имаше концерт во шкотскиот град Абердин.

Тој имаше можност да се сретне со македонскиот фудбалски репрезентативец, голгетерот Бојан Миовски.

Во пресрет на концертот, Трпчески издвои време да го поздрави популарниот „Мио-гол“.

„Иако Абердин е прилично далеку од Македонија, Шкотска поседува посебна топлина која секогаш ме импресионира. Знам дека Македонци живеат тука, но вечерва би сакал да ја посветам на една посебна личност која е во публиката моментално. Се работи за еден од нашите најдобри фудбалери и член токму на фудбалскиот клуб Абердин, а тоа е Бојан Миовски“ – се огласи Трпчески пред неговиот настап.

Следуваа овации за македонскиот голгетер.

Поврзани новости