168
СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.Х.(31) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Ф.М.(22) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство’’ во врска со ,,разбојништво“.
Како што информираат од полицијата, на 31.10. годинава во Струмица, второпријавената побарала пари од 82-годишно лице, кое и дало 100 денари, а откако видела дека носи поголема сума на пари, во договор со првопријавениот и со употреба на физичка сила од оштетеното лице одзеле 14.000 денари.