Кривична против инспектор од Велес затоа што дозволил издигнување на дивоградба

by fokus

Инспектор вработен во Општина Велес заработи кривична пријава затоа што дозволил издигнување на дивоградба во местото викано Коструница во Велес. Секторот за внатрешни работи од овој град поднесе кривични и против градителите. Се сомничат за „бесправно градење“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „несовесно работење во службата“.

М.Н. и Ј.А. од  март до мај 2013 година без одобрение за градење, бесправно изградиле градежен објект  и за тој објект на  12.03.2013 година кај нотар завериле „изјави“ дека  е изграден пред влегување во сила на Законот за бесправно изградени градежни објекти. Потоа тие изјави ги употребиле за легализација, на бесправно изграден градежен објект на почетокот на 2016 година до Општина Велес.

На 14.03.2013 година, третопријавениот, во својство на градежен инспектор при општина Велес,  заедно со Инспекциската служба при Управата за заштита на културното наследство при Министерството за култура, и покрај тоа што присуствувал на увид кога било утврдено дека на лице место на означената парцела било започнато извршување на градежни работи, не извршил должен инспекциски надзор и идентификување на градителот се до 21.05.2013 година, кога со инспекциски надзор утврдил дека на означената парцела веќе бил изграден градежниот објект.

Поврзани новости