Од тешки изгореници почина тригодишно дете

by fokus

Тригодишно дете од струшкото село Ново Село починало, поради тешки изгореници, кои ги добило во пожар кој избувнал во семејниот дом.

Според информациите од МВР во текот на вчерашниот ден, околу 11 часот, во семејниот дом на 32-годишниот Г.И. од засега непознати причини настанал пожар, при што во куќата била неговата три годишна ќерка, која се здобила со изгореници.

-Девојчето во тешка здравствена состојба било пренесено во Медицинскиот центар во Струга, од каде поради сериозноста на повредите требало да биде транспортирана во болница во Скопје, но пред Кичево состојбата и се влошила, по што била пренесена во Медицинскиот центар во Кичево, каде во 14,20 часот починала. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга. Во согласност со Јавен обвинител телото на починатото девојче е предадено на семејството за погреб, информираат од МВР.

Поврзани новости