Заев очекува пратеници да ја напуштаат коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

По одлуката на пратеникот на ГРОМ, Чедомир Саздовски, да ја напушти партијата и во Собранието да делува како независен пратеник, премиерот, Зоран Заев, денеска изјави дека очекува таквиот чекор да го следат и други пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Заев пратениците од оваа коалиција се соочуваат со големи притисоци.

-Го поздравувам потегот и подавам рака за соработка – изјави Заев.

Тој им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да бидат силна опозиција, затоа што само така, рече, и власта ќе биде силна.

Поврзани новости