Крилото на Гаши во БЕСА тврди дека Касами направил фалсификат

by fokus

Поранешниот претседател на Движењето БЕСА фалсификувал документите на Движењето БЕСА, кои ги поднел во судот како официјални, тврдат од крилото на партијата кое го избра Африм Гаши за претседател.

„Ние истражувавме во досието на Движењето БЕСА во Судот и ги пронајдовме т.н. документи кои ги фалсификувал поранешниот претседател. Всушност, веднаш по завршувањето на локалните избори, во периодот кога тој го блокираше функционирањето на партијата, односно во периодот кога ние го молевме да најдеме едно компромисно решение, тој веќе започнал со својата задача работејќи скришум. Тој поднел во Судот во Скопје фалсификувани имиња за претседатели на ограноците на Движењето БЕСА, со што сакал да создаде фиктивно мнозинство во Централниот Совет, бидејќи знаел која е реалната поддршка за него“, велат од крилото на Гаши.

Поврзани новости