Се скарала со дечкото и ја натепал

by Fokus

Триесетгодишна стружанка пријавила насилство до дечкото со кој била во љубовна врска, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера И.Т.(30) од Струга пријавила насилство од С.З.(36) од село Копачиндол, тетовското, со кого била во љубовна врска. Според пријавата, околу 16,20 часот, по вербалната расправија, пријавениот физички ја нападнал И.Т., по што таа со такси возило е пренесена и задржана во тетовската клиничка болница за понатамошно лекување.

Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесенa соодветнa пријава.

Поврзани новости