„Крајно време е да се натпреваруваме за квалитет на личност, а не за етничка припадност“ порача Гаши

by Fokus

Го убедувавме Таравари да биде претседателски кандидат бидејќи тоа е за добро на сите граѓани, изборите се двојни и треба да се гледа повисокиот интерес, рече лидерот на Алтернатива, Африм Гачи вечерва во емисијата Само интервју на Канал 5.

„Ако сакате да бидете во политика, треба да го гледате интересот на другите колку тоа и да не ви се допаѓа. Тоа што сме поделени како политички партии на етничка основа, треба да се смени. Таравари ќе биде меѓу подобрите кандидати во претседателската трка. СДСМ паѓа со рејтинзите поради големите концесии што ги има кон ДУИ и на овие избори ќе има историски пораз. ДУИ кои што постојано се повикуваат на Албанец премиер, сега нека не’ поддржат, доколку ја добиеме нивната поддршка и ги убедат своите гласачи, Таравари оди во втор круг“ посочи Гаши.

Според Гаши, Таравари е почитуван од многу етнички заедници и многумина ќе гласаат за него.

Тој рече дека Ахмети нема храброст да се кандидира.

„Крајно време е да се натпреваруваме за квалитет на личност а не за етничка припадност“ порача Гаши.

„Ако не си ДУИ, не си Албанец за нив, време е ова да оди во историја. Работат да не’ разединат, оваа коалиција не се прави само до 8 мај.

Поврзани новости