747
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, изјави дека Владата има намера да го реши спорот со името со Македонија до 2018 година, пишува весникот Катимерини.
-Верувам дека прашањето треба да биде решено до првата половина на 2018 година – изјави Коѕиас за весникот, додавајќи дека во спротивно ќе има големи компликации.
Според него, по решавањето на спорот, ќе останат три-четири месеци бирократија во Обединетите нации.