Денес ќе се оддржи протест против пресудата за „Диво насеље“

by Фокус

Од плоштадот Скендербег до Основниот суд Скопје 1, денеска, со почеток од 13 часот, ќе се одржи протест против судската пресуда за случајот “Диво насеље”, во организација на Здружението за албанска култура, која вчера го пријавила протестот во полициската станица Бит пазар.

Во повикот за протестот што го пренесоа дел од медиуми е наведено да присуствуваат сите граѓани кои сметаат дека ваквото изживување и самоволие на судот во изрекување на казните се уште еден пример за неправедна правда и двојни аршини од страна на судот.

-Нашето учество само ќе укаже за тоа колку сите сме за соживот, без маски и агенди, велат организаторите.

Поврзани новости