Ковчегот на кралицата во Вестминстерската палата – поворката ја следеа илјадници луѓе

by fokus

Ковчегот со посмртните останки на Елизабета Втора попладнево е донесен во Вестминстерската палата, каде што ќе биде изложен до погребот предвиден за в понеделник.

Ковчегот од Бакингемската палата до седиштетого на британскиот Парламент беше пренесен на топовски лафет, а поворката ја предводеа нејзините деца – новиот крал Чарлс Трети, неговите браќа Ендру и Едвард и сестрата Ана, по нив принцовите Вилијам и Хари.

Со звуците на посмртни маршеви на Бетовен, Менделсон и Шопен изведувани од воен оркестар поворката ја следеа десетици илјади луѓе. За да биде тишина за време на минувањето на поворката, воздушниот сообраќај над Лондон беше времено ограничен.

Кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот на 8 септември, на 97-годишна возраст во нејзиниот замок Балморал во Шкотска. Ковчегот со нејзиното тело синоќа беше донесен во Бакингемската палата во Лондон.

Поврзани новости