Ковачевски: Во МВР нема функционер на кој му е платено патување во странство на државна сметка

by Fokus

Кабинетот на претседателот на Владата провери во Министерството за внатрешни работи и нема функционер на кој му е платено патување во странство на државна сметка, кратко одговори премиерот Димитар Ковачевски на пратеничко прашање поставено од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки го праша премиерот дали го оправдува однесувањето на заменик-министерот за внатрешни работи од ДУИ и доколку одговорот е негативен, дали би поднел предлог до Собранието за негово разрешување.

По краткиот одговор на премиерот, тој посочи дека Владата бега од одговорност и го обвини Ковачевски дека е уценет од ДУИ.

-Од одговорот докажавте дека сте уценет човек и дека цело време сте под притисок од ДУИ. Вие сте обичен слуга на ДУИ. Како може да не ве интересира кој му ја платил сметката и да толерирате изјава дека „не знае кој му ја платил сметката“. Ако на заменик-министер не му е важно кој него го корумпира, како тој човек ќе се бори утре против корупција, рече Ковачки.

Поврзани новости