Најмалку 19 загинати во пожарот во казино во хотел во Камбоџа

by Fokus

Најмалку 19 лица ги загубија животот во пожарот во казино во хотелот „Гранд Дајмонд Сити“ во камбоџанскиот град Појпет, на границата со Тајланд, соопшти денеска полицијата.

Како што пренесува Си-Ен-Ен, најмалку 70 лица се повредени, а неколку десетици се водат како исчезнати.

Според полицијата, пожарот избувнал околу полноќ по локално време. Се претпоставува дека пожарот бил предизвикан од експлозија на резервоар за гориво.

Претставник на локалната администрација рече дека 400 луѓе би можеле да бидат заробени во зградата.

Поврзани новости