Ковачевски: Уставните измени не загрозуваат ниту едно македонско идентитетско прашање

by fokus

Со обраќање на премиерот Димитар Ковачевски започна расправата за потребата за донесување на уставните измени со кои Бугарите треба да влезат во македонскиот Устав. Според Ковачевски, уставните измени нема негативно да се одразат на ниту едно македонско идентитетско прашање.

-Сите знаат за создавањето на нашиот вековен идентитет. Предлогот за дополнување на Уставот има само една релација: влегување во ЕУ. Предлогот е наш македонски. Отфрлам дека има било каков диктакт. Да донесеме одлука, да не чекаме и каскаме. За да влеземе во ЕУ до 2030 година. За само една година поддршката за нас се зголеми. Македонскиот јазик се говори во Брисел. Никој не не асимилира. Во Собранието секогаш има дежурни кои го плашат народот со црнила, рече Ковачевски.

Тој додаде дека со измените само се додаваат делови од народи и со ова недосмислено е истакната посебноста на македонскиот народ.

Поврзани новости