Ковачевски се сретна и со Ердоган

by fokus

Традиционалното пријателство со Турција е секогаш мотивација за срдечни средби со претседателот Реџеп Таип Ердоган, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук по кусата средба со турскиот претседател Ердоган во Брисел.

-Ја осудуваме руската агресија и имаме заедничка силна поддршка за Украина која храбро ја брани својата земја. Се согласивме да продолжиме да вложуваме заеднички во поинтензивна соработка за да отвориме повеќе врати за турските инвеститори и за посилни трговски врски меѓу двете земји, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.

Поврзани новости