Милевски го одреди почетниот состав на Македонија против Италија

by fokus

Македонскиот селектор Благоја Милевски го одреди почетниот состав за вечерашниот полуфинален мундијалски бараж на гостински терен против Италија.

На голот е стандардниот Столе Димитриевски, а во одбраната се капитенот Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Дарко Велкоски и Езѓан Алиоски.

Средниот ред го сочинуваат Адријан Адеми, Енис Барди и Бобан Николов, кој доби предност пред повратникот во репрезентацијата Давид Бабунски.

По страничните позиции ќе играат Александар Трајковски и Дарко Чурлинов, додека нападот ќе го предводи Милан Ристовски.

Италијанскиот селектор Роберто Манчини се одлучи за следните 11. фудбалери: Донарума – Флоренци, Манчини, Бастони, Емерсон – Бареља, Жоржињо, Верати – Берарди, Имобиле (капитен) и Инсиње.

Натпреварот започнува во 20:45 часот, а стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо со капацитет од 36.000 седишта е распродаден.

Поврзани новости