Ковачевски: Паднаа лагите на сите оние кои со молотови коктели протестираа

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во вестите на Канал 5 не го криеше задоволството по потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКСТ. Како што додаде тој, паднале лагите на сите кои попречуваа донесување на заклучоците кои ги донело Собранието.

„Вчера беше голем ден, не само за мене туку тоа е голем ден за македонските граѓани, пред се за Македонците. Вчера за прв пат Македонија потпиша договор со ЕУ на чист македонски јазик, без никакви фусноти, без никакви ѕвездички, без никакви појаснувања и без никакви други формулации. Ова е за прв пат да имаме договор кој што е одобрен од сите 27 членки и каде што сме ставиле потпис на договор на кој што стојат имињата и јазиците на сите 27 земји членки на ЕУ. Со ова паднаа во вода сите лаги, сите манипулации кои што во текот на јули беа кажувани во текот на гласањето за европскиот предлог во однос на отпочнувањето на преговорите со ЕУ. Паднаа лагите на сите оние кои што со молотови коктели кои што со викање протестираа пред Собранието, пред Владата, паднаа лагите на сите оние кои што со вувузели внатре во Собранието го попречуваа донесувањето на заклучоците кои што ги донесе Собранието“, рече Ковачевски.

Поврзани новости